„Сините“ од Автокоманда лесно се справија со Скопје

Тимот од Автокоманда продолжува со победничката серија во домашниот шампионат и денес во натпревар од 8. коло очекувано славеше над Скопје со 38:25.

Иако до крајот од регуларниот дел од суперлигашката конкуренција има да се игра уште многу, сепак, избраниците на Кире Лазатов веќе го заверија пласманот во плеј-оф фазата.

Скопје беше рамноправен само во воведниот дел, потоа сѐ беше во знакот на „сино-белите“, кои првиот дел го добија со 11 гола разлика, 21:10.

Ракометарите на Лазаров во вторите 30 минути ја одржуваа високата предност и во ниту еден момент не се опуштија и не му дозволија на гостинот да дојде до помала негатива.

Најефикасен во победничката екипа беше Давид Саврески со седум погодоци, по шест постигнаа Марко Стојковиќ и Александар Петковски.

Во поразениот табор Давор Шокоски и Андреј Митиќ ги постигнаа речиси сите погодоци. Шокоски беше стрелец на девет, додека Митиќ реализираше осум пати во домашната мрежа.

Следен предизвик за клубот на Лазаров ќе биде европскиот дуел против Ла Риоха.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122