49-Годишен Шпанец застана на голот на Висла Плоцк, проблеми за Алиловиќ!

Неверојатна сцена се случи во полската Супер лига на натпреварот меѓу Стал Миелец и Висла Плоцк. Во составот на Висла се најде 49-годишниот Шпанец Хорхе Мартинез, кој вообичаено е тренер за голмани и психолог во стручниот штаб на полскиот вицешампион.

Мартинез не само што беше пријавен за натпреварот, туку во финишот доби шанса да застане меѓу стативите.

Со тоа, Шпанецот стана најстариот ракометар кој некогаш настапил во полската Суперлига, но и најстар дебитант во историјата на натпреварувањето.

Неколку часа пред натпреварот Висла објави дека Мартинез е регистриран за настап. Причината најверојатно е поврзана со здравствените проблеми на голманот Мирко Алиловиќ, но и со неможноста да биде повикан некој друг голман од подмладокот.

Тој ја заврши играчката кариера пред повеќе од една деценија, работеше во Спортинг Хихон и Бера Бера како тренер на голмани, а летово му се приклучи на тимот на Висла Плоцк.

Висла Плоцк славеше убедливо со 35-23, а Мартинез натпреварот го заврши без одбрана.