Голден Арт се враќа во игра за плејоф – со „деветка“ го почестија Мулти Есенс

Екипата на Голден Арт се враќа во игра за место што води во плејофот во првенството, откако во меч од 8 коло со 30-21 (15-10) го победи Мулти Есенс. Со новата победа тимот од „Јане Сандански“ се искачи на 5. место на табелата со 10 бода, само два помалку од Пролет.

Со овј меч двете екипи го почна вториот дел од групната фаза. Во првиот меѓусебен дуел на почетокот на септември Голден Арт славеше во Автокоманда со 26-25.

До средината на првото полувреме гостите од Автокоманда имаа резултатски чекор со домашниот Голден Арт, а потоа следуваше серија од 5-1 за „бело-црните“ кои не само што го презедоа водството туку веќе имаа и солидна предност, 12-8.
Двајцата голмани Златко Даскаловски и Ѓорѓи Ермонски имаа свои минути, а гостинот имаш еи една одбран аповеќе, вкупно 8 наспроти седумте на Даскаловски.

Од 13-9 во 26 минута за кратко, користејќи ги грешките во напад, домашните ракометари набрзина направија солидна предност од 15-9. Во последната минута Мице Циленгов доби второ исклучување, а од пенал Божидар Илиески намали на 15-10. Го имаа домашните последниот напад, но ударот на Христијан Милошески заврши во рацете на Ермоноски.

Само што почна второто полувреме, и по еден гол во двете мрежи, домаќините направија нова серија со која зголемија првпат на „плус 8“, за 19-11, а потоа и 20-12 во 40 минута. Тоа беше знак за гостинскиот тренер дека треба да бара тајмаут.
Малку се опуштија домаќините, па во 45 минута н аполовина оф второто полувреме гостите намалија на 21-15, со надеж дека има време за пресврт. Нападот на „бело-црните“ не беше веќе така прецизен, иако имаа шанси. Кога Мартин Димовски од крило во 46 минута постигна гол за 21-16 тоа беше знак за тренерот Филип Глигоров да бара минута одмор за да ги посоветува своите ракометари.

Петминутниот пост на Голден Арт го прекина Дејан Ѓошевски со гол во 47 минута за водство 22-15, а потоа во контра Славе Јанкоски зголеми на 23-15 за враќање на највисокото водство на средбата. Мице Цилегов во 49 минута првпат ја подигна границата на „плус 9“ за водство 24-15. Тоа веќе беше најава дека бодовите остануваат во „Јане Сандански“.
Во последните минути Голден Арт ја раситни и „десетката“, 29-19 и 30-20.

Кај домашниот тим по пет гола постигнаа Мице Цилегов, Славе Јанковски и Христијан Милошески. Ист број голови постигнаа и Божидар Илиески, Олег Јорданов и Валентин Карасманакис.

Во следното коло Голден Арт е домаќин на Вардар Неготино, а Мулти Есенс го пречекува тимот на Еурофарм Пелистер.

ТАБЕЛА Б група

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126