Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 7 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Бутел Скопје, како и по еден од Еурофарм Пелистер, Вардар, Еурофарм Пелистер 2, Струга и Охрид.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
Супер лига, 7. коло, резултати:
Група А
Аеродром – Струга 25-31 (ИЗВЕШТАЈ)
Еурофарм Пелистер 2 – Куманово 38-29 (ИЗВЕШТАЈ)
Скопје – Охрид 25-41 (ИЗВЕШТАЈ)
Алкалоид – Тиквеш 30-22 (ИЗВЕШТАЈ)
Група Б
Голден Арт – Вардар 21-32 (ИЗВЕШТАЈ)
Бутел Скопје – Пролет 33-26 (ИЗВЕШТАЈ)
Мулти Есенс – Вардар Неготино 30-27 (ИЗВЕШТАЈ)
Еурофарм Пелистер – Прилеп 42-29 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 7. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Бојан Блажески (Бутел Скопје) – Чуварот на мрежата со петнаесетина одбрани му помогна на тимот да дојде до дерби триумф.
Лево крило: Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер) – Атанасијевиќ беше меѓу најдобрите поединци против Прилеп.
Лев бек: Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер) – Стружанецот со девет гола го предводеше шампионот до победа над Прилеп.
Среден бек: Мирче Калајџиески (Еурофарм Пелистер 2) – Младинскиот репрезентативец го водеше тимот до бодови против Куманово.
Десен бек: Филип Николов (Бутел Скопје) – Велешанецот вторпат по ред е во идеалниот тим, откако постигна 11 гола во дербито против Пролет.
Десно крило: Тодор Јанкуловски (Струга) – Искусното десно крило ја водеше Струга до важна победа, можеби и за плеј-оф.
Пивот: Владимир Бојаниќ (Охрид) – Кружниот напаѓач беше меѓу подобрите поединци во триумфот над Скопје.