Скопје се држеше, ама на крај загуби двоцифрено во Охрид

Речиси до средината на второто полувреме Скопје имаше негатива која беше „пристојна“ и секогаш колку -толку беше во игра на гостувањето во Охрид, но на крај „гладијаторите“ триумфираа, и тоа со двоцифрен резултат 41-25 (19-13). Натпреварот требаше да се игра во Скопје, но клубовите се договорија за замена на домаќинството, па салата „Билјанини Извори“ беше местото на новата победа на Охрид со која тимот остана на третото место на табелата во А групата од машката Супер лига.

Скопје е на претпоследното место на табелата, заедно со Куманово, и двете екипи имаат само по еден бод од седум одиграни натпревари. Од следната недела почнува вториот круг на натпревари од групата пред да се избори место за плејофото или плејаутот.

Немаше дилеми кој е фаворит, а кој аутсајдер на средбата. Така се движеше и резултатот, постојано во корист на Охрид. Единствено што скопјани успеаја да направат во првото полувреме, е да дојдат на негатива од „минус 3“ кога во два наврати резултатот беше „тесен“ (10-13 и 13-16. Тоа беше период во кој Охрид претходно направи разлика, а Скопје се закани со можно враќање.

Кога во вторито дел Охрид првпат дојде до „плус 10“ за водство 28-18, веќе немаше враќање. Тоа беше најава дека гостите нема да можат да се вратат во игра, а тимот на Охрид имаше свој ритам, и играчите од клупата сакаат да се покажат и докажат. Највисоката предност што Охрид ја имаше беше „плус 18“ за водство 39-21 и 40-22.

Охрид се опушти, па не стигна до „дваесетка“, а Скопје немаше сили ниту време да дојде до едноцифрен резултат. На крајот Охрид славеше со 41-25.

Во победничкиот тим на Охрид, најпрецизен беше Гал Цицар со 8 гола од кои седум во првото полуврем, а по пет гола дадоа Никола Шипинкоски и Даниел Андоновски.
Во екипата на Скопје по 6 гола дадоа Марио Мишевски и Андреј Митиќ.

Во следното коло Скопје гостува кај Алкалоид, а Охрид е домаќин на “езерското дерби“ со Струга.

ТАБЕЛА А ГРУПА

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122