Вардар и „десеткуван“ го победи Голден Арт

Вардарци остануваат лидери во Б групата од Супер лигата со максимален број бодови по триумфот од 32-21 (14-11) против Голден Арт во седмото коло. Со овој пораз Голден Арт останува на делба на петтото место на табелата со седум бода, исто колку и Прилеп, а пет помалку од Бутел и од Пролет.

Вардар играше со 13 ракометари, поради вирусот што ги нападна „црвено-црните“, и екипата и стручниот штаб. Покрај заболените во тимот, вардарци имаа и повредени, а Косуке Јасухира замина за Катар каде треба да игра за репрезентацијата. Но, во договор со јапонската федерација тој ќе се врати за дуелот со Еурофарм Пелистер што треба да се игра викендов.

Почетното водство од 8-1 за Вардар во 12 минута беше клучно за натамошниот тек на натпреварот кој заврши во корист на „црвено-црните“. Тие први почетни минути во кои Голден Арт грешеше, „гостите“ знаеја да ги казнат. Брзото водство на вардар им донесе пото апомирна завршница, но истовремено и поголема мотивираност на домашните играчи.

Голден Арт покажа дека тоа високо водство не е вистинското мерило на односот на силите зашто успеаја да се вратат во игра. Негативата од 11-14 на полувреме во споредба со почетниот период им даваше нов мотив на „бело-црните“ да бидат конкурентни и да ја чекаат шансата.

Тројца играчи во тој период кај Вардар ги „држеа конците“. Срдановиќ и Николиќ постигнаа по четири гола, а Јагуриновски три. На другата страна, Голден Арт се трудеше за секоја акција, сакаа да ја изработат докрај и тоа им носеше и резултат.

Само што почна второто полувреме Голден Артуспеа да дојде повторно до три гола негатива (13-16). И тогаш пак Вардар ги искористи своите минути, а Голден Арт не можеше да парира, па резултатот отиде на „плус 9“ за 26-17, што дотогаш беше највисоката предност за црвено-црните.

Првпат „десетката“ беше раситнета во 53 минута со голот на Гоце Георгиевски, а потоа и Нилтон Мело донесе водство од 29-18, на седум минути до крај на средбата. До крај, без напор Вардар триумфираше со 32-21.

Кај победникот најпрецизни беа Матија Николиќ и Хансер Родригез со по 8 гола. Кај Голден Арт пет гол ададе Тоше Ончев.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126