Тиквеш не стигна до бодови во Автокоманда

Тимот на Тиквеш загуби на гостувањето кај македонскиот вицепрвак во Автокоманда со 30-22. Наметнатиот натрупан распоред за кавадарчани е голем проблем бидејќи во осум дена мора да (од)играат четири меча, за разлика од ривалот. Во поголем дел од мечот бркаа негатива, но на крајот мораа да се помират со првиот сезонски пораз, кој доаѓа пред европското деби. Сега „сино-белите“ од Автокоманда се на врвот на табелата со седум победи на седум натпревари.

Домашните отворија со водство од 5-1, но гостинскиот голман Гемаљевиќ имаше неколку одбрани во серија, па Тиквеш ја преполови негативата за 6-4. „Сино-белите“ го имаа расположениот Трајкоски на голот, кој исто така бранеше одлично, па неговите соиграчи си ја вратија претходно највисоката разлика, 10-6.

Во продолжение и двата тима грешеа, голманите бранеа, па немаше голови на двете страни осум минути. По 12-8 за домашните и тајм-аутот на Никола Матлиески, Анастастовски и Симиќ намалија на минус два, 12-10. На пауза, тимот од Автокоманда имаше плус три, 14-11.

Во вториот дел Тиквеш се доближи на минус два, 18-16, со голот на Манасков, но потоа беше исклучен Симиќ за еден старт над Серафимов, па домаќинот со серија од три гола, стигна до 21-16. Во продолжение предноста на тимот од Автокоманда се движеше од пет до седум гола и до крајот се играше само рутински.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Џонов и Бинго со по пет погодоци, додека голманот Трајкоски забележа 14 одбрани. Во составот на Тиквеш, четири гола даде Симиќ, додека голманот Гемаљевиќ запиша 12 интервенции.

Следен предизвик за кавадарчани ќе биде натпреварот од Европскиот Куп против австрискиот Кремс, кој се игра в недела во салата „Јасмин“ со почеток во 19:00 часот, а тимот од Автокоманда во Лигата на Европа ќе игра во Лигата на Европа на 17 октомври со Војводина.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122