Бутел го надигра Пролет и зачекори кон плеј-оф

Ракометарите на Бутел на свој терен во натпревар од 7. коло триумфираа над Пролет со 33:26 и запишаа важни три бода во борбата за пласман во плеј-оф фазата. По неизвесното прво полувреме, во кое двете екипи играа променливо, домашниот табор во второто полувреме успеа целосно да го надигра гостинскиот тим.

Како што се и очекуваше, двете екипи на стартот тргнаа мотивирано и имаше голема борба за секоја топка. Бутел погодуваше за минимална предност, гостите возвраќаа за нерешено и така се играше до 10 минута. По осум минути игра беа поставени две четворки на семафорот, додека кон средината на првиот дел Бутел беше првиот тим кој направи мал исчекор и од 5:5 дојде на 8:5.

Пролет седум до осум минути не можеше да го пронајде патот до домашната мрежа, но и за тоа време Бутел не успеа да ја зголеми позитивата влезе во „црна дупка“, па така составот на Лембанов во 22 минута направи камбек, израмни на 9:9. Домашниот тим успеа пред финишот на првиот дел да дојде до 11:9, но упорните гости не се предаваа и во 28 минута направија пресврт и го свртија резултатот во своја полза победувајќи со 12:11.

Домашниот табор во преостанатиот дел од првото полувреме успеа да биде подобриот противник, најпрво израмни на 12:12, потоа додаде уште два гола и на пауза замина со предност од 14:12.

Бутелци имаа одличен старт на вториот дел, бргу ја вратија најголемата предност од првиот дел, поведоа со 17:13, имаа и 17:14 и беа поконкуретни на теренот. Пролет правеше големи напори за да се врати во игра, но лошиот почеток на првото полувреме беше причина да заостанува на 24:20 во 45 минута.

Избраниците на Кузманоски со големата фокусираност во последните 15 минути ја сочуваа стекнатата предност, во финишот осетно ја зголемија, и целосно го надиграа гостинскиот тим, кој не можеше нешто повеќе да направи.

Најефикасен кај Бутел беше Филип Николов со 11 погодоци, девет постигна Лука Иваниќ, шест додаде Владимир Јефтиќ. Кај Пролет се истакна Александар Василевски со шест погодоци, еден помалку запиша Давор Палевски.

Бутел  во следното, 8. коло на домашен терен ќе игра против Прилеп, додека Пролет за следен ривал ја има екипата на Вардар Неготино, која во досегашниот тек од сезоната нема освоено бод.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126