Екипата на Куманово пред продолжението од вториот дел од сезоната се засили со нов ракометар.
Раководството на клубот го ангажираше екс ракометарот на Струга, Христијан Крстаноски, кој игра на позиција лев бек.
Стружанецот за Куманово ќе биде од голема помош во борбата за опстанок во македонската елита, со оглед на тоа дека се работи за ракометар кој игра во два правци.
Крстаноски ги има минато сите младински категории во својот матичен клуб Струга ,а зад себе има настапи и во младинските категории во македонската репрезентација. Со репрезентацијата на Македонија настапи на Европското првенство на плажа во Полска (2019).
Куманово претходно се засили со Владан Кастратовиќ од Охрид и со двајцата ракометари од Србија, Зоран Ѓурковиќ и Никола Бечејац.
Ракометарите на Куманово во плеј-аут фазата ќе играат против Јуниор КВ, Голден Арт, Скопје, Радовиш, Вардар Неготино, Прилеп и Струга.