Ракометарите на Радовиш се пласираа во осминафиналето на Купот на Македонија, откако славеа против прволигашот Преспа со 34-21.
Гостите од Ресен допатуваа со десет ракометари и немаа сили да му се спротистават на поквалитетниот домаќин.
Уште на полувремето беше познат победникот, кога избраниците на Љупчо Мијалов водеа со 18-9, а во вториот дел само ја зголемија предноста.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Јакша Вјештица со десет гола, како и Дарио Јорданов и Филип Трајанов кои стрелаа по пет пати.
Во гостинскиот состав се истакнаа Били Мишевски со шест и Филип Шиклевски со пет погодоци.
Куп на Македонија, елиминации:
Јехона – Бутел Скопје 30-53
Вардар – Мулти Есенс 43-18
Аеродром – Пролет 33:35
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 40-16
Тиквеш – Кичево 46:20
Алкалоид – Астраион 47-15
Јуниор КВ – Драчево 28-23
Прилеп – Металург РА 36-22
Голден Арт – Овче Поле 47:13
Еурофарм Пелистер – Текстилец 45-19
Радовиш – Преспа 34-21
10.дек 17:30 Младост Богданци – Охрид
10.дек 18:00 Струга – Македонија ЃП
10.дек 19:00 Еурофарм Пелистер 2 – Шампион
10.дек 19:30 Скопје – Бисинов
11.дек 17:00 Куманово – Голден Арт 2