Младински репрезентативец потпиша за Македонија Ѓорче Петров

Тимот на Македонија Ѓорче Петров полека го склопува играчкиот кадар со кој ќе настапува претстојната сезона во прволигашката конкуренција.

Најново име во составот на Македонија Ѓорче Петров е младинскиот репрезентативец на Македонија, Александар Симоновски.

Кружниот напаѓач минатата сезона ја мина во Супер лигата, играше за Тиквеш и за Пролет, а претходно беше дел од Аеродром.

„Дробилицата“, која ќе биде предводена од тренерот Оливер Димитриоски, претходно ги обнови договорите со шестмина ракометари.

Голманите Давид Стојкоски и Димитар Гиевски ставија потписи на нови договори, а во клубот остануваат и Давор Домика, Мартин Бучуковски и Дарко Рангелов, како и Михаил Тотиќ.

Клубот обрнува внимание и на талентите од својата школа, па првите професионални договори ги потпишаа Лука Зафировски и Кристијан Героски.

Сите ракометари потпишаа договори до 2028 година.