Тимот на Тиквеш откако се раздели со францускиот десен бек Абдула Шамал, веднаш се активираше на трансфер пазарот и пронајде ново решение за оваа позиција.
Во Кавадарци дојде десниот бек од Тунис, Хазем Габара, кој има 22 години и ќе може да биде во составот за дуелот со Бутел Скопје.
Габара ќе биде петтиот странец во Кавадарци, а трет што пристигна ова лето по Азиз Бен Махфуд од Тунис и Франко Гавидија од Аргентина.
Кавадарчани стартуваа со триумф во новата сезона и славеа кај Струга, а по мечот со Бутел Скопје ги очекува двомечот со ЕХФ Европскиот Куп против Еш од Луксембург.























