Залудни 11 гола на Дука, Јуниор КВ го совлада Драчево и оди во осминафинале на Купот

Тимот на Јуниор Кисела Вода без поголеми проблеми славеше против прволигашот Драчево со 28-23 и обезбеди место во осминафиналето од Купот на Македонија.

Нерешено беше само на стартот, 1-1, потоа домашните си го фатија редот и во првиот дел имаа предност од три до пет гола. На пауза се замина со резултат, 16-11.

На стартот на второто полувреме Јуниор КВ постигна уште три гола за 19-11 и веќе немаше дилеми околу победникот. До крајот Драчево само успеа да ја намали негативата до конечните 28-23.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Иван Андревски и Филип Петровски со по шест погодоци, а четири постигна Филип Николов. Во составот на Драчево се истакна десниот бек Ѓорѓи Дука, кој постигна 11 погодоци.

Куп на Македонија, елиминации:

Јехона – Бутел Скопје 30-53
Вардар – Мулти Есенс 43-18
Аеродром – Пролет 33:35
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 40-16
Тиквеш – Кичево 46:20
Алкалоид – Астраион 47-15
Јуниор КВ – Драчево 28-23
10.дек 14:00 Прилеп – Металург РА
10.дек 15:30 Голден Арт – Овче Поле
10.дек 16:00 Еурофарм Пелистер – Текстилец
10.дек 16:00 Радовиш – Преспа
10.дек 17:30 Младост Богданци – Охрид
10.дек 18:00 Струга – Македонија ЃП
10.дек 19:00 Еурофарм Пелистер 2 – Шампион
10.дек 19:30 Скопје – Бисинов
11.дек 17:00 Куманово – Голден Арт 2