Ацев „спушти ролетна“, Вардар Неготино лесно до осминафинале

Ракометарите на Вардар Неготино лесно ја минаа првата пречка во Купот на Македонија и се пласираа во осминафиналето, откако славеа над прволигашот Партизан Гевгелија со 40-16.

Избраниците на Владимир Глигоров отворија со водство од 4-0, беше и 10-2, па стана јасно уште тогаш кој ќе биде победник на овој натпревар. Предводени од голманот Даниел Ацев, неготинци до паузата постигнуваа лесни голови од контри за високи плус 16 гола, 23-7.

Второто полувреме беше формалност, па двајцата тренери им дадоа шанса на сите ракометари од клупата за настап на овој натпревар.

Покрај голманот Ацев со 18 одбрани, во редовите на Вардар Неготино се истакнаа Наќев, Ташев, Митевски и Емини со по пет погодоци, додека кај гевгелискиот состав единствено расположен беше Минов со седум гола.

Куп на Македонија, елиминации:

Јехона – Бутел Скопје 30-53
Вардар – Мулти Есенс 43-18
Аеродром – Пролет 33:35
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 40-16
09.дек 19:30 Тиквеш – Кичево
10.дек 12:00 Јуниор КВ – Драчево
10.дек 12:00 Алкалоид – Астраион
10.дек 14:00 Прилеп – Металург РА
10.дек 15:30 Голден Арт – Овче Поле
10.дек 16:00 Еурофарм Пелистер – Текстилец
10.дек 16:00 Радовиш – Преспа
10.дек 17:30 Младост Богданци – Охрид
10.дек 18:00 Струга – Македонија ЃП
10.дек 19:00 Еурофарм Пелистер 2 – Шампион
10.дек 19:30 Скопје – Бисинов
11.дек 17:00 Куманово – Голден Арт 2