🎥 Проектилот на вардарецот Мо е во ТОП 5 во ЛШ - ја „собра пајажината“ од голот на Мелсунген! - 24 РАКОМЕТ

🎥 Проектилот на вардарецот Мо е во ТОП 5 во ЛШ – ја „собра пајажината“ од голот на Мелсунген!

Неодбранливиот шут и погодок на десниот бек на Вардар, Мохаб Абделхак против Мелсунген се најде во изборот на ТОП 5 погодоци по првата рунда од Лигата на шампионите. Вардаровиот „фараон“ шутираше силно во аголот на голот на Небојша Симиќ, милиметарски прецизно и ја „собра пајажината“. Во ТОП 5 голови се и оние на Емил Ларке од Архус, Гиорги Сковребадзе од Загреб, Леонел Фернандеш од Порто и Феран Соле од ПСЖ.