Талески и Лазарески за лесен пласман на Вардар до осминафиналето од Купот

Фаворитската улога Вардар ја оправда на дуелот од Купот на Македонија против Мулти Есенс и со лесна и висока победа 43-18 (20-10) „црвено-црните“ се пласираа меѓу 16-те најдобри. Младите ракометари на новиот прволигаш дадоа само почетен отпор, а потоа се беше во знак на актуелниот освојувач на Купот.

Сега најдобрите 16 екипи ќе бидат поделени во четири групи, и ќе се борат за пласман на Ф4 турнир. Дополнително ќе се одредат групите и домаќините.

Филип Талески и Милан Лазаревски беа расположени за игра. Репрезентативниот бек постигна шест гола во првото полувреме, а Лазаревски како пивотмен одигра одлично во два правци „одбрана – напад“, па дури успеваше да истрча и контра. Двајцата заедно постигнаа вкупно 17 гола.

Откако домашните ракометари поведоа со 8-3 во 12. минута гостинскиот тренер Бранислав Ангеловски мораше да бара минута одмор, но само за момент имаше резултатска рамнотежа, а потоа Вардар повторно направи скока и дојде до максималните „плус 10“ за водство 20-10.

Комбиниран тим имаше на теренот Владо Недановски. Почна со најдобрите, а потоа шанса добија и другите од клупата. Филип Тaлески со 6 гола беше најпрецизен кај Вардар. Актуелниот освојувач на Купот играше без Стоилов и Мишевски кои се повредени.

Почетокот на вториот дел повторно беше во знак на Вардар, па откако во 38. минута поведоа со 27-11, тренерот Ангеловски повторно мораше да бара дополнително време да има подели совети на своите ракометари. Беше јасно кој ќе победи на мечот, но важно беше и како ќе се претстават младите ракометари на гостинскиот тим.

Во 50 минута Талески со првиот гол во второто полувреме, а вкупно седми на средбата му донесе водство од 34-14 на Вардар. Веднаш во следниот напад водството се зголеми на 35-14. Второто полувреме беше шанса за поголема минутажа за Ќосевски, Стојановски и Добрковиќ.

Токму Стојановски го постигна 40. гол за Вардар со што домашните имаа предност од „плус 24“ и водство од 40-16 на пет минути до крај на средбата.

Филип Талески со 9 гола и Милан Лазаревски со 7 беа најефикасни кај Вардар, а Дамјан Митев со 5 и Димитар Узунчев и Дарин Омерагиќ дадоа по четири гола.