Екипата на Голден Арт лесно ја прескокна првата пречка во Купот на Македонија, откако на домашен терен беше убедлив против прволигашот Овче Поле со 47:13.
Избраниците на Никола Матлиески одиграа фуриозно во првиот дел и лесно се справија со гостинот од Свети Николе, кој првиот гол го постигнаа дури во 26 минута. Искуството и квалитетот дојдоа до израз и во двете полувремиња, а особено беше евидентно во првите 30 минути кога Голден Арт прими само три гола, сите во финишот.
Во 25 минита резултатот беше 18:0 за домаќинот и остатокот од натпреварот беше само формалностт и повеќе личеше на тренинг. Суперлигашот целосно ја имаше прочитано играта на ривалот и на полувреме замина со предност од плус 19 гола разлика, 22:3.
После 22 гола во првиот дел во вториот паднаа 25 така што со вкупно 47 гола беше обезбедена висока победа. До крајот се броеја само головите во мрежата на немотивираните гости. Во 45 минута црвен картон заработи Христијан Милошески поради три исклучувања.
Најефикасен во победничката екипа беше Симон Гучески со 12 погодоци. Кај Овче Поле отскокнаа Боја Гичев и Марко Трајчев со по четири реализации.
Куп на Македонија, елиминации:
Јехона – Бутел Скопје 30-53
Вардар – Мулти Есенс 43-18
Аеродром – Пролет 33:35
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 40-16
Тиквеш – Кичево 46:20
Алкалоид – Астраион 47-15
Јуниор КВ – Драчево 28-23
Прилеп – Металург РА 36-22
Голден Арт – Овче Поле 47:13
10.дек 16:00 Еурофарм Пелистер – Текстилец
10.дек 16:00 Радовиш – Преспа
10.дек 17:30 Младост Богданци – Охрид
10.дек 18:00 Струга – Македонија ЃП
10.дек 19:00 Еурофарм Пелистер 2 – Шампион
10.дек 19:30 Скопје – Бисинов
11.дек 17:00 Куманово – Голден Арт 2