ЕП младинци: Хрватска подобра од Црна Гора, Шведска убедлива против Франција

Во рамки од 2. коло на Европското младинско првенство во Португалија, поголемиот број на репрезентации кои беа фаворити ја оправдаа фаворитската улога.

На денешните дуели, Шпанија, Португалија, Словенија, Данска, Хрватска, Шведска, Италија и Србија остварија победи. Изненадување направија репрезентациите на Италија и Србија.

Италија триумфираше против Исланд со 27:26, додека репрезентацијата на Србија беше подобра од актуелниот бранител на титулата, Германија, со плус три гола разлика, 33:30.

Втор пораз на младинскиот континентален собир доживеа Црна Гора. Ракометарите на Црна Гора беа поразени од Хрватска со 25:28 (14:12). Шанса на голот на Црна Гора доби и новиот член на Еурофарм Пелистер 2, Василије Печурица.

ЕВРОПСКО МЛАДИНСКО ПРВЕНСТВО, 2. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

ПОЛСКА – ШПАНИЈА 32:41 (20:19)

НОРВЕШКА – ПОРТУГАЛИЈА 26:35 (13:16)

ГРУПА Б

ФАРСКИ ОСТРОВИ – СЛОВЕНИЈА 27:28 (18:16)

УНГАРИЈА – ДАНСКА 25:28 (18:16)

ГРУПА Ц

ЦРНА ГОРА – ХРВАТСКА 25:28 (14:12)

ФРАНЦИЈА – ШВЕДСКА 24:31 (16:18)

ГРУПА Д

ИТАЛИЈА – ИСЛАНД 27:26 (15:11)

СРБИЈА – ГЕРМАНИЈА 33:30 (16:17)