Цветковски броеше до 11, Симјановски го „заклучи“ голот – Илинден со славје кај Пролет

Тимот на Илинден ја оствари втората победа во новата сезона од прволигашката конкуренција, откако славеше на гости кај Пролет со 33-28.

Во мечот од 5 коло во Првата лига, Илинден до двата бода го предводеа Петар Цветковски, Антонио Наковски и голманот Наум Симјановски.

Цветковски беше стрелец на 11 погодоци, Наковски даде десет, додека Симјановски „полуде“ на голот и оствари 18 интервенции.

Во најголем дел од натпреварот гостите водеа, но и домашните не се предаваа. По 26-23 во 43 минута, Пролет постигна четири гола во серија за комплетен пресврт. 27-26.

Наместо да продолжат во ист ритам, домашните му дозволија на Илинден да се врати во мечот. По двапати погодија Цветковски и Наковски за 30-27 и до крајот избраниците на Дарко Јанев не ја испуштија предноста.

Во домашниот состав најефикасен беше Јован Соколоски со девет погодоци, а шест постигна Јован Фичорски.