Савревски со порака пред дербито: Со дисциплина и борбеност можеме до победа!

Претстојниот викед на програмата ќе биде дербито на 6 коло од Супер машката лига меѓу Охрид и „сино-белите“ од Автокоманда.

Избраниците на Борис Ројевиќ загубија на претходното дерби со Вардар, а со Еурофарм Пелистер одиграа реми, па со дуелот против тимот на Кирил Лазаров ќе ги комплетираат првите дерби дуели против трите тима од големата четворка.

Гостите од Автокоманда досега остварија пет победи на пет натпревари, но на последниот против Тиквеш на кој се „тресеа“ за цел плен, покажаа низа слабости.

Десниот бек Давид Савревски вели дека со помош на охридската публика може да се дојде до бодови.

„Во сабота ни доаѓа екипата од Автокоманда. Ние се подготвуваме максимално, но мислам дека не очекува еден многу тежок надпревар. Со дисциплина во играта, со максимална борбеност и поддршка од охридската публика во сабата одиме на победа“, изјави Савревски.

Мечот меѓу Охрид и тимот на Лазаров се игра в сабота од 18:30 часот во СРЦ „Билјанини Извори.