ИЗБЕРЕТЕ ГО НАЈДОБРИОТ РАКОМЕТАР ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ (АНКЕТА)

Специјализираниот медиум за ракомет во Македонија, 24Ракомет продолжува со изборите во кои главниот збор го имаат љубителите на ракометот, но од оваа сезона со нов формат.

Секој месец ќе ги избираме „Ракометарот и ракометарката на месецот“ во македонската Супер лига.

Промената доаѓа со желба изборот да опфати поголем период и повеќе натпревари, а со тоа и повеќе ракометари да добијат можност да се најдат меѓу кандидатите, но и се разбира да има и посилна конкуренција.

Редакцијата на 24Ракомет секој месец ќе издвојува пет ракометар(к)и кои со своите настапи најмногу се истакнале во изминатиот период. Ќе го потенцираме нивниот придонес во успехот на екипата, поради што се на листата.

Потоа изборот го преземате Вие, а гласањето е отворено до понеделник до 12:00 часот.

Во изборот за месец септември номинирани се по еден ракометар од Еурофарм Пелистер, Вардар, Охрид, Еурофарм Пелистер 2 и Куманово.

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ ВО МАШКАТА СУПЕР ЛИГА?

НАЈДОБАР РАКОМЕТАР ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ:

Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер)

Капитенот на битолчани настапи на три од четиири меча во септември и беше вистински лидер на теренот.

Доминик Мате (Охрид)

Унгарскиот репрезентативец веднаш на стартот покажа дека ќе биде големо засилување за составот на Борис Ројевиќ.

Наум Костов (Куманово)

Охриѓанецот ја продолжи одлична форма од минатата сезона и во дресот на Куманово, па е прв на листата на стрелци со одличен процент на реализација.

Кристијан Симоноски (Еурофарм Пелистер 2)

Стружанецот покажа дека незаслужено бил запоставен во Автокоманда, па во Битола покажа дека ќе биде големо засилување и меѓу најдобрите во тимот.

Матео Фадуил (Вардар)

Францускиот интернационалец имаше одлично партии во „црвено-црниот“ дрес во стартните четири победи на шампионот во сезоната.