Куманово доби ново засилување за продолжението од сезоната во Супер лигата. Нов член на кумановци е 26-годишниот бугарски репрезентативец Валентин Митев, кој во Македонија доаѓа по интернационална епизода во Луксембург.
Куманово ја засили бековската линија со Валентин Митев, 26-годишен бугарски интернационалец кој последната сезона настапуваше за Берхем во најсилното првенство на Луксембург.
Митев е роден на 9 јануари 2000 година во Благоевград, висок е 195 сантиметри и настапува на позицијата десен бек. Во сезоната 2025/26 со Берхем играше и во Европскиот куп, каде постигна седум голови.
Со Берхем минатата сезона го освои третото место во шампионатот на Луксембург и избори нов настап на европската сцена. Пред Берхем, Митев настапуваше и за Каерјенг, а првите ракометни чекори ги направи во Интер Благоевград.
Новиот ракометар на Куманово од оваа година е и сениорски репрезентативец на Бугарија. Дебитираше во јануари на двомечот против Турција во квалификациите за Европското првенство. На гостувањето во Орду постигна пет погодоци, откако на првиот меч во Шумен повеќе беше користен во дефанзивните задачи.
Митев може да помогне и во одбраната, а во Луксембург по потреба бил користен и на пикерската позиција. Со висината од 195 сантиметри треба да донесе дополнителна физичка сила во составот на Куманово.
Со неговото ангажирање кумановци добиваат играч со интернационално искуство, настапи во европските купови и репрезентативен статус, кој треба да ја зголеми конкуренцијата во бековската линија во продолжението од сезоната.
▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон 📲.
Со еден клик до сите вести. 🤾
























