Малус: Овој тим, градот и навивачите заслужуваат победи – мораме да им донесеме бодови

Вардар не успеа да стигне до првите бодови во Лигата на шампионите, откако во Скопје загуби од Висла Плоцк со 26-32. Полскиот тим имаше предност уште од почетокот и заслужено славеше во „Јане Сандански“.

По натпреварот, Јака Малус не го криеше разочарувањето. Словенечкиот интернационалец призна дека Висла била подобар противник, но порача дека вардарци мора да продолжат да работат и да им возвратат на навивачите за големата поддршка.

„Да, ова беше многу тежок натпревар и многу тежок пораз. Мислам дека оваа екипа, градот и навивачите заслужуваат победи. Иако не успеавме да го направиме тоа ниту против Мелсунген, ниту потоа против Нант, целта на овој натпревар ни беше да победиме и да ги донесеме првите два бода во Скопје, да останат тука. Тоа не се случи. Беше многу тежок натпревар уште од почетокот. Ние се обидовме со сè што имавме, но на крајот Висла беше подобра екипа и заслужено победи“, изјави Малус.

Вардар веќе мора да се насочи кон следниот предизвик и гостувањето во Полска, каде што за седум дена повторно ќе се соочи со Висла.

„Сигурно можеме да очекуваме борба во сите 60 минути. Можам да кажам дека сите играчи работиме стопроцентно и даваме сè од себе на секој тренинг и на секој натпревар. Мислам дека ќе дојдеме до бодовите. Како што кажав, ги заслужуваме и ние, и градот и навивачите. Многу сум благодарен за ваквата атмосфера и за ваквата поддршка. Мораме да донесеме бодови за нашите навивачи“, порача Малус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

 

▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲.
Со еден клик до сите вести.
🤾

 

Вардар се мачеше со полскиот бедем – Висла заслужено славеше во Скопје

Педро: Разочарани сме, но мораме достоинствено да го претставуваме Вардар

Чупиќ ја презеде вината: Идејата со „седум на шест“ не помина – јас сум одговорен!

„Ќе ми беше полесно да нè исвиркаа – песната од цела сала ме погоди човечки!“