M19 EHF Euro Handball 2021, Varazdin and Koprivnica, Croatia, 12.08.2021, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Нова сензација на ЕП: Италија го совлада Исланд и остана во игра за главната фаза

Во Португалија продолжија натпреварите од 2. коло од Европското младинско првенство за ракометари до 19 година, а по првото изненадување кое го направи репрезентацијата на Фарски Острови, денес Италија беше селекцијата која го направи второто изненадување на младинскиот континентален собир.

Италија со гол во последната секунда, кој го постигна Томас Бортели, славеше историска победа над Исланд, со резултат 27:26 (15:11) и остана во игра за пласман во главната фаза.

Победничката репрезентација беше предводена од средниот бек, Никола Фаданели со десет погодоци. Кај Исланд се истакнаа Андри Мар Рунарсон и Гунар Оскарсон со по шест погодоци.

Фарски Острови беше на чекор до нова сензација и речиси до сигурен пласман во главната фаза. Сепак, островската селекција беше поразена од Словенија со 27:28 (15:18). Во последното коло од групната фаза, Фарски Острови ќе игра против репрезентацијата на Унгарија, додека Словенија ќе ги одмери силите против Данска.