Капитенот на екипата на Струга, Марио Танкоски, во иднина ќе ја има најважната животна улога – стана татко.
Неговата сопруга Ана го донесе на свет нивното прво дете, ќеркичка што го доби името Нина.
Двајцата стапија во брак пред две години, сега го добија најубавиот можен подарок, а радосната вест ја споделија на социјалните мрежи.
Стружанецот Танкоски по долги години настапи во Металург, Еурофарм Пелистер и Вардар се врати во матичниот клуб и игра во одлична форма на стартот на сезоната.
























