Членовите на шампионската генерација на Бјеловар се собраа на 50-годишнината од освојувањето на шампионските пехар во КЕШ. Генерацијата која успеа да го совлада Губерзбах сега се собра на едно место и покажа дека нивното пријателство трае и понатаму.
Тогаш тимот од Бјеловар го носеше името Партизан, а еден момент остана вечер бидејќи оттогаш натпреварите на овој тим кога игра на домашен терен почнуваат во 19:14 часот. Причината за стартот во точно ова време е резултатот со кој Партизан славеше во Германија.
Одлична генерација на овој тим дојде до победа од 19:14 против Гумерзбах и на тој начин стигна до титулата. Оттаму тоа стана и термин за почеток на натпреварите и уште се практикува во натпреварите од првенството на Хрватска.
Инаку, во финалето се играл еден натпревар и тоа пред 14.000 гледачи во Германија. Сепак, Партизан од Бјеловар доминирал во текот на целата сезона и успеал во намерата да дојде до трофејот симнувајќи го од тронот составот на Гумерзбах кој две години по ред претходно го освојувал трофејот.