Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиотдел од сезоната.
За разлика од лани годинава има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат шест екипи. Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.
Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до петок до 23 часот.
СТРУГА – МЕТАЛУРГ 35:21 – ИЗВЕШТАЈ
ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ 36:21 – ИЗВЕШТАЈ
РАДОВИШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 25:34 – ИЗВЕШТАЈ
СКОПЈЕ – ОХРИД 23:36 – ИЗВЕШТАЈ
ТИКВЕШ – ПРОЛЕТ 25:25 – ИЗВЕШТАЈ
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРИЛЕП 34:26 – ИЗВЕШТАЈ
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 16. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
ГОЛМАН: Александар Стојаноски (Тиквеш) – Имаше одлично прво полувреме против составот на Пролет. Бранеше добро и помогна за убава предност на крајот од првиот дел.
ЛЕВО КРИЛО: Давор Палевски (Пролет) – Постигна девет гола против Тиквеш во Кавадарци, а од нив седум беа во второто полувреме кога Пролет се врати од негатива од четири гола.
ЛЕВ БЕК: Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер 2) – Младиот ракометар на битолчани одигра одлично во победата против Прилеп и ја заврши средбата со седум гола.
СРЕДЕН БЕК: Филип Кривокапиќ (Охрид) – Тимот на Охрид забележа очекуана побда во Скопје, а организаторот на играта Кривокапиќ беше најефикасниот со осум погодоци.
ДЕСЕН БЕК: Жарко Бајрактаревиќ (Струга) – Имаше една од подобрите партии во овој дел од сезоната и со десет гола беше најефикасниот стрелец во победата против Металург.
ДЕСНО КРИЛО: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – Репрезентативецот во одлична форма на крајот од есенскиот дел од сезоната. Деветпати го погоди голот на радовишани.
ПИВОТ: Стојанче Стоилов (Вардар) – Вардар ја оправда улогата фаворит против Бутел, а Стоилов имаше добра игра. Реализираше четирипати во победата од 36:21.