Струга се радува на триумф, Металург немоќен покрај езерото

Металург по триумфот над Тиквеш, загуби на гостувањето кај Струга со 35-21. Иако во ростерот по долго време се врати Озтурк, тимот од Автокоманда беше немоќен покрај езерото и мораше да му честита на домашниот тим, кој ја прекина серијата од три порази.

Домаќините поведоа со 6-1 и јасно беше во каков правец ќе се движи овој натпревар. Беше 8-5, па 13-9 во 25 минута, па гостите не реализираа погодок во последните пет минути од првиот дел.

Струга тоа го искористи, ги казни сите грешки на Металург и преку Костоски, Блажески и Бајрактаревиќ со серија од четири гола поведе со 17-9. Гостите го имаа последниот напад, но не го реализираа и на пауза се замина со тој резултат.

Во второто полувреме немаше никакви возбудувања, се измешаа поставите на теренот и шанса добија сите ракометари. Стружани само рутински го приведоа мечот до крај со конечна победа со 14 погодоци разлика.

Најдобри стрелци кај Струга беа десниот бек Жарко Бајрактаревиќ со десет и десното крило Бобан Блажески со шест гола. Кај Металург се истакна Милан Лазаревски со седум погодоци, иако играше на бековската позиција.

17 декември 2021
35 - 21
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
17 декември 2021 18:22 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 17.12.2021 60'

Место

Спортска сала Тими

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СТРУГА1735Победа
МЕТАЛУРГ921Пораз

СТРУГА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Дамјан Тутенковскиголман00
2Петар Маркоски-00
3Славе Јанковскилево крило03
4Христијан Крстаноскилев бек01
5Бобан Савески-10
6Филип Пајкоскипивот12
7Бобан Блажескидесно крило06
9Пеце Ѓорѓиоскипивот13
11Тодор Јанкулоскидесно крило01
12Никола Матовиќголман00
18Никола Стрезоски-00
19Жарко Барјактаревиќдесен бек010
22Владан Кастратовиќцентрален бек03
24Ненад Костоскилево крило04
25Никола Цветаноскилев бек02
88Душко Раткушиноски-10
 Вкупно 435

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Костадин Петровпивот04
4Александар Петковскидесен бек01
5Петар Ангелевски-00
7Дамјан Субашевски-00
10Даниел Дупјачанецголман00
12Давид Брестовацголман00
15Улисес Рибеиролево крило01
18Тодор Аксентиев-00
19Милан Лазаревскипивот17
24Халил Озтурклев бек06
28Андреј Митиќпивот00
51Димитар Бардакоскиголман00
64Велко Маркоскилев бек02
 Вкупно 121

Officials

Делегат:Судии:
МЕТАЛАРИ КАМЕРГЕОРГИЕВСКИ ДЕЈАН
ГЕОРГИЕВСКИ ДИМИТАР
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515