Охрид грабна цел плен од Скопје, ја продолжува трката за плеј-оф

Ракометарите на Охрид славеа на гостувањето кај составот на Скопје со убедливи 23-36 и во февруари ќе ја продолжат трката по место во разигрувањето за титулата во Суперлигата.

По почетните 3-3, домаќините влегоа во „црна дупка“, и не можеа да постигнат гол десет минути. За тоа време, избраниците на Раде Стојановиќ ги казнија сите грешки на Скопје.

Погодуваше Шилегов од контра, Кривокапиќ и Манасков од далечина, па Охрид стигна до плус шест, 3-9. Не помогна ниту тајм-аутот на Андријана Будимир и гостите во еден момент имаа и плус девет, 7-16.

Во продолжение, домаќините заиграа подобро во нападот, успеаја да стопат дел од негативата и со голот на Филип Василевски во последните секунди, ги поставија конечните 12-18 на пауза.

По петнаесетина минути игра во вториот дел, Охрид стигна до плус десет, 17-27, и до крајот немаше дилеми околу тоа кој ќе ги освои бодовите на овој натпревар. Шанса за настап добија сите ракометари од клупата, а охриѓани само рутински ја одржаа разликата.

Најдобри стрелци кај победникот беа Филип Кривокапиќ со осум и Мартин Манасков со шест погодоци, а солиден на голот беше и Јагош Брауновиќ. Кај Скопје се истакна Леонид Киселовски со девет гола.

18 декември 2021
23 - 36
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
18 декември 2021 18:36 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 18.12.2021 60'

Место

СЦ „Борис Трајковски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СКОПЈЕ 20201223Пораз
ОХРИД1836Победа

СКОПЈЕ 2020

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Давид Стојкоскиголман00
2Филип Василевскипивот12
4Марио Мишевскилево крило03
7Андреј ТркалевскиСреден бек00
9Александар Василевскилев бек10
18Кирил Пешкирскилево крило00
19Велимир ГрујовскиСреден бек12
20Лука Благопетровдесно крило02
22Андреј Пешевскицентрален бек02
23Благој Димчевскипивот00
24Стефан Стојановскилев бек12
25Леонид Киселовскилев бек09
26Бране Трифуновскиголман00
30Далибор БлажевскиСреден бек00
33Бојан Петрески-00
77Симон Калајџиескилево крило01
 Вкупно 423

ОХРИД

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јагош Брауновиќголман00
4Крсте Андоновскилево крило03
6Филип Кривокапиќцентрален бек08
8Наум Костовдесно крило13
10Филип Николовдесен бек03
11Мице Шилеговдесно крило03
12Христијан Коваческиголман00
14Михајло Младеновиќлев бек05
19Иван Тасескипивот13
21Филип Грубор-11
24Мартин Манасковлев бек16
77Алекса Милошевиќ-01
 Вкупно 436

Officials

Судии:Делегат:
ВУКАШИНОВСКИ АЛЕКСАНДАР
ТРАЈКОВСКИ МИРКО
НИКОЛОВСКИ АЦО
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515