Вардар ја заврши годината со победа, освои лесни три против Бутел

Ракометарите на Вардар после ремито во Битола против Еурофарм Пелистер денеска лесно го совладаа и составот на Бутел Скопје со 36:21 и дојдоа до нови три бода со кои на најдобар можен начин ја завршија годината.

Ова беше последна средба за оваа 2021 година за двата состави и двете екипи покажаа добра партија на теренот. Бутел Скопје имаше добар старт и водеше во првите неколку минути. Имаше плус два после 3:1, 5:3 и 6:4, но тука следуваше одговор од 3:0 за Вардар и преземање на водството. Гостите израмнија на 7:7, но тоа беше сè.

Тука вардарци ја преземаа контролата и почнаа да го зголемуваат водството. Имаа највисоки плус шест при 16:10, а доколку не дојдеше до опуштање во последните моменти од првиот дел на одмор сигурно ќе беше убедливо водството. Сепак, вака Вардар стигна до 18:15 и имаше плус три на крајот од првиот дел од средбата.

Вториот дел беше формалност. Домашните искусно го чуваа водството, а гостите немаа сили за да успеат да направат некаков интересен тек на настаните. Првпат до двоцифрен резултат се дојде при 27:17. Ракометарите на Бутел Скопје тешко доаѓаа до погодок така што рано беше јасно дека на овој дуел нема да има проблем за Вардар за висок триумф и нови три бода.

Со ова „црвено-црните“ продолжија според планот и јасно е дека ја задржуваат предноста во однос на Еурофарм Пелистер иако и двете екипи имаат ист број на бодови.

17 декември 2021
36 - 21
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
17 декември 2021 18:16 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 17.12.2021 60'

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ВАРДАР 19611836Победа
БУТЕЛ1521Пораз

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Стојанче Стоиловпивот04
6Оливие Њокаслев бек02
11Мартин Карапалевскицентрален бек05
12Мартин Томовскиголман00
21Давид Савревскидесен бек00
28Филип Талескилев бек04
31Тимур Дибировлево крило05
45Дарко Ѓукиќдесно крило05
47Анте Кудузлев бек02
77Ален Ќосевскидесно крило00
97Марко Мишевскилев бек03
99Васил Гоговголман00
13Дијало Бакарилев бек10
33Стефан Крстевскицентрален бек00
55Стефан Атанасовскипивот12
8Јоел Куни Моралесдесен бек04
 Вкупно 236

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Филип Фидановски-00
5Иван Андревски-01
6Јовица Младеновскилев бек02
7Томче Стојановскилев бек00
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек03
10Марко Митевцентрален бек01
14Бојан Спасовскипивот00
15Златко Мојсоскидесно крило01
17Бојан Спасовскидесен бек00
22Стефан Стојчевиќпивот00
28Градимир Чаневскиголман00
30Бојан Блажевскиголман00
33Владимир Јевтиќпивот05
64Мирко Мајиќлево крило00
94Денис Тотдесен бек08
96Кристијан Давитковскидесен бек00
 Вкупно 021

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
ОГНЕНОВ ИГОР

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515