Еурофарм Пелистер 2 со триумфален крај на годината, прилепчани немоќни во Битола

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 со победа ја завршуваат 2021 година, откако на домашен терен во Битола беа подобри од Прилеп со убедливи 34-26. Избраниците на Александар Јовиќ со новите бодови остануваат на четвртата позиција на табелата и остануваат во зоната што води во плеј-оф.

По почетното водство на пелистерци со 4-2, Прилеп се врати во егал, 4-4. Потоа следуваше нов пад во играта на гостите, па Еурофарм Пелистер 2 го искористи тоа за се одлепи на 8-5.

Како одминуваше времето, така битолчани ја преземаа контролата на теренот, па стигнаа и до плус шест, највисоки дотогаш, 17-11. Прилеп погоди два пати во серија преку Чантурија за 18-13, но на пауза се замина со резултат 18-13.

Во вториот дел набрзина домашните стигна до плус осум, 22-13, а Прилеп првиот погодок во овој дел од мечот го даде по седум минути игра. Веќе беше јасно каков натпревар не очекуваа во продолжение.

Гостите намалија на минус шест, 26-20, беше и 28-22, но беа далеку од некаков камбек. Најдобар стрелец кај победникот беше Емилијан Ѓорговски со седум гола, а по четири пати погодија Ненад Белистојаноски и Павле Атанасијевиќ, додека кај Прилеп, Чантурија постигна пет погодоци.

19 декември 2021
34 - 26
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
19 декември 2021 17:39 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 19.12.2021 60'

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21834Победа
ПРИЛЕП1326Пораз

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Цветан Кузманоскилево крило01
7Андре Буторацдесен бек01
8Павле Атанасијевиќцентрален бек04
9Васко Димитровскипивот03
13Павле Петровиќдесен бек13
16Благојче Трајкоскиголман00
21Димитар Димитриоскицентрален бек01
22Иван Димитровскилево крило10
23Стефан Талевскицентрален бек00
24Никола Стоилевскидесно крило03
33Петар Атанасијевиќлево крило13
34Емилијан Ѓорговскилев бек07
44Ненад Белистојановски-04
88Димитриј Блажевскидесен бек11
99Филип Арсеновскипивот13
10Христијан Митревскидесен бек00
 Вкупно 534

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Александар Тренчевскипивот11
5Лео Дамчевски-00
9Христијан Бикоскилево крило03
11Владимир Трајкоскилев бек04
12Иван Ангелескиголман00
17Хари Павловдесен бек03
18Давор Шокоскилев бек04
19Антонио Бурчевскипивот00
21Стефан Лозаноски-01
23Реваз Чантуријадесно крило05
27Христијан Милошевскилев бек03
28Синиша Павловдесен бек00
33Стефан Христоскиголман00
34Мириан Гавашелишвилилев бек01
77Зураб Цинцадзеголман00
90Даниел Андоновскилев бек11
 Вкупно 226

Officials

Судии:Делегат:
МЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НИКОЛОВСКИ НЕНАД
ЈАНЕВСКИ ЉУПЧО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515