Тимот на Алкалоид обезбеди историски пласман во групната фаза од Купот на Македонија уште во првата година од постоењето, откако на домашен терен триумфираше убедливо над суперлигашот Радовиш со 39-27.
Во првото полувреме и двете екипи имаа свои моменти, но домашните навидум имаа контрола на резултатот. Пред паузата стигнаа и до плус пет, но едно мало опуштање како против Голден Арт, беше доволно радовишани Трајчевски и на два пати Трајанов да се вратат на минус два, 17-15.
Ѓорѓиев, Серафимов, Стојковиќ и Димовски реализираа на стартот на вториот дел за 21-15 за Алкалоид и немаше повеќе никакви дилеми околу победникот. Падна мотивацијата кај гостите и до крајот домашните одработуваа само рутински до конечните 39-27.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Александар Стојков со 13 гола и Мартин Серафимов со седум, додека кај Радовиш се истакнаа Ангелче Органџиев со седум погодоци.
Куп на Македонија, елиминациско коло:
*прочитајте го извештајот од секој натпревар со клик на резултатот
Охрид – Преспа 38-21
Металург – Јехона 44-22
Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19
Пролет – Кичево 51-21
Јуниор КВ – Куманово 32-29
Скопје – Текстилец 35-19
Работнички – Драчево 25-30
Македонија Ѓорче Петров – Струга 26-37
Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18
Астраион – Прилеп 25-37
Борец – Тиквеш 26-35
Бутел Скопје – Вардар Неготино 35-25
Шампион – Еурофарм Пелистер 13-40
Аеродром – Младост Богданци 29-24
Алкалоид – Радовиш 39-27