По триумфот на Ла Риоха, уште еден шпански тим – Бидасоа Ирун, имаше победнички старт на новата сезона во Лигата на Европа.
Бидасоа на домашен терен го совлада исландскиот Хафнарфјордур, предводен од легендарниот Арон Палмарсон со 39-37. Домашните цел меч го контролираа резултатот и немаа проблеми да стигнат до двата бода.
За гостите, доминираше голманот Торстеинсон со 14 одбрани, а во победничкиот состав се истакна Салинас со девет гола.
Францускиот Лимож славеше против португалската Мадеира со 31-30. Гостите се вратија на реми, 30-30, иако губеа со 24-17, но Кервадек со голот на триесетина секунди до крајот ги сочува двата бода дома.
Татран Прешов загуби дома од Бергишер со 30-29, откако Стеихаус погоди два пати во три минути за гостинскатта екипа од Германија. Словачкиот тим водеше со 25-22, потоа и со 29-28 на три минути до крајот, но ги пропушти своите шанси и казната стигна.
Лига на Европа, 1 коло:
група А
Нексе – Сен Рафаел 33-26
Елверум – Хамарби 37-28
група Б
Бидасоа Ирун – Хафнарфјордур 39-37
Лимож – Мадеира 31-30
група Ц
Извиѓач – Шамбери 34-33
Кадетен Шафхаузен – ЧСМ Букурешт 39-31
група Д
Савехоф – Сесвете 34-27
Татран Прешов – Бергишер 29-30
група Е
Бузау – Агуаш Санташ 30-30
Фленсбург – Гранољерс 40-31
група Ф
Карвина – Холстебро 23-33
Бенфика – Торелавега 24-31
група Г
Гумерсбах – Вибжеже Гдањск 34-38
Еурофарм Пелистер – Ла Риоха 24-31
група Х
Валур – Морс 39-28
Татабања – Слован Љубљана 31-36
Слован Љубљана ја шокираше Татабања – Цокан даде 16 гола, Фленсбург и Кадетен убедливи
Нексе сигурен против Сен Рафаел, Торелавега ја изненади Бенфика
Ќе биде интересно во групата на пелистерци – Вибжеже го шокира Гумерсбах среде Германија!

























