Херојот на Ла Риоха откри како го запреа Еурофарм Пелистер

Еден од најзаслужните за убедливата победа на Логроњо Ла Риоха против Еурофарм Пелистер беше голманот Жоан Ледо. Шпанецот беше извонреден меѓу стативите, имаше 21 одбрана, и ги запре домашните ракометари и со своите интервенции ѝ овозможи на екипата постојано да ја зголемува предноста.

По натпреварот, Ледо истакна дека шпанскиот тим бил максимално подготвен за сите тактички варијанти на битолчани.

„Екипата на Ла Риоха беше извонредна, тактички и ментално. Бевме подготвени за секој детаљ од натпреварот. Уште од првиот момент знаевме дека овде мора да дадеме 100 проценти, па дури и повеќе.
Атмосферата е навистина жешка, а навивачите создаваат голем притисок. Многу е тешко да се игра во ваков амбиент и затоа мора да бидете максимално фокусирани во текот на целиот натпревар.
Се подготвувавме за нивната игра „седум на шест“. Мислам дека одлично го започнавме натпреварот, а потоа тие се вратија на играта „шест на шест“. Покажавме добар менталитет и постојано останувавме во нашиот ритам. Знаевме дека можеби ќе постигнат неколку брзи голови, но продолживме да го правиме истото. Пресреќни сме поради оваа победа“, изјави Ледо.

 

❗❗  Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон… ❗❗

За шпанскиот голман ова не беше прво гостување во Битола, бидејќи претходно настапувал во овој ракометен храм со Бидасоа.

„Морам да кажам дека ова не е мое прво гостување овде. Веќе сум играл во Битола со Бидасоа и знам колку е тешко да се настапува во оваа сала. Еурофарм Пелистер има добар тренер, многу добра екипа, квалитетни ракометари и одлични голмани. Имаат играчи што се многу опасни во ситуациите „еден на еден“ и тешко е да се бранат. Моравме постојано да бидеме на линијата на додавање и да ја затвораме средината, за да им го отежниме постигнувањето голови. Мислам дека завршивме одлична работа. Ви благодарам и ви посакувам многу среќа до крајот на сезоната“, заврши Ледо.

Голманот им даде три гола и им го затвори голот: Логроњо го совлада Еурофарм Пелистер

▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲.
Со еден клик до сите вести.
🤾