Партизан и Раул лесно до втор сезонски трофеј!

Ракометарите на Партизан го освоија трофејот во Сесрпскиот куп, откако во финалето во Бања Лука убедливо го совладаа домаќинот Борац со 37:26.

„Црно-белите“ уште еднаш покажаа зошто се актуелен шампион на Србија и без поголеми проблеми стигнаа до вториот трофеј сезонава. По Супер купот, екипата на Раул Гонзалес сега го освои и Сесрпскиот куп.

Најефикасни кај Партизан беа Мигел Санчез Мигаљон и Миља Паповиќ со по осум гола, додека Лука Кривокапиќ запиша 11 одбрани. Кај Борац најдобар стрелец беше Милош Њежиќ со девет погодоци.

Кривокапиќ беше прогласен за најдобар голман на Сесрпскиот куп, додека признанието за најкорисен играч (МВП) му припадна на Јоав Лумбросо.