Екипата на Аеродром се пласираше во групната фаза од Купот на Македонија, откако на свој терен во Автокоманда славеше против Младост Богданци со резултат 29:24.
Ракометарите на Аеродром одиграа одлично прво полувреме и претставуваа вистинска закана за ланскиот суперлигаш. Добрата концентрација во нападите во воведниот дел им донесе солидно водство на домаќините од 3:1. Ракометарите од Богданци започнаа да играат поангажирано и предводени од Караиванов и Михајловиќ имаа контрола на резултатот до првата половина од првото полувреме.
Со неколку интервенции на Богдановски и головите на Петрески, Аеродром го презема водството и поведе со 9:8, откако претходно беше 8:8. Водството на домашната екипа беше зголемено на два разлика, 12:10, но падот во нивната игра од 22. минута, па сѐ до 28. минута беше причина гостите да направат камбек. Во самиот финиш од првите 30. минути, ракометарите на Аеродром имаа подобро издание и се изборија за нерешен резултат на полувреме, 14:14.
Со серија од три гола на стартот од второто полувреме, Младост зголеми на плус три, 17:14. Аеродромци со голот на Петрески од седмерец намалија на минус еден, 18:19, во 38. минута. Избраниците на Драган Вурмо на двапати промашуваа на празен гол, а нивните грешки беа казнети од страна на домаќините кои го израмнија резултатот на 20:20. Одличниот Богдановски на голот ја одржуваше својата екипа во игра. Неговите интервенции беа крунисани со пресврт и водство на Аеродром од 23:22 во 46. минута.
На девет минути пред самиот крај, Петрески зголеми на 25:23, а неколку секунди подоцна, неговиот колега, Петровски беше прецизен за 26:23. Следуваше период каде на сцена повторно настапи Богдановски кој ја спушти ролетната на неговиот гол. Аеродром се одлепи на плус четири, 28:24, и до самиот крај рутински ја одработи својата задача.
Најефикасен на натпреварот беше ракометарот на Аеродром, Андреј Петрески со 12 постигнати гола. Одлична партија меѓу стативите имаше и голманот, Марко Богдановски, кој го сруши моралот на гостинските ракометари. Во екипата на Младост прв стрелец беше Никола Роглев со шест гола.
Куп на Македонија, елиминациско коло:
*прочитајте го извештајот од секој натпревар со клик на резултатот
Охрид – Преспа 38-21
Металург – Јехона 44-22
Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19
Пролет – Кичево 51-21
Јуниор КВ – Куманово 32-29
Скопје – Текстилец 35-19
Работнички – Драчево 25-30
Македонија Ѓорче Петров – Струга 26-37
Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18
Астраион – Прилеп 25-37
Борец – Тиквеш 26-35
Бутел Скопје – Вардар Неготино 35-25
Шампион – Еурофарм Пелистер 13-40
Аеродром – Младост Богданци 29-24
Алкалоид – Радовиш 39-27