Денеска беше промовиран новиот клуб на македонската ракометна сцена. Проектот зад кој стојат претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, компанијата Алкалоид и легендата Кире Лазаров, ќе го носи името Алкалоид.
Мукаетов најави дека клубот ќе стартува од прволигашката конкуренција.
„Повод за денешниот собир е формирањето на Ракометниот клуб Алкалоид, основан со одлука на УО на компанијата. Наша цел е тимот да се натпреварува во Првата лига, бидејќи ова е место каде се кали челикот и се кршат копјата кога станува збор за младите ракометари. Нашата цел е тие млади играчи вистински да ги насочиме, преку правилна работа и вистински спортски и животни вредности. Тоа е и нашата цел како компанија, чии основни начела за професионален пристап во операциите, што ќе се пренесе и во овој клуб“, изјави Мукаетов.
Лазаров: Алкалоид е проект за доброто на македонскиот ракомет
„Повеќе ќе ми значи медал на Македонија, отколку Алкалоид да игра на Ф4 во Лигата на шампионите“
Лазаров: Мојот карактер нема да ми дозволи да има судир на интереси
Базата на Алкалоид ќе биде СЦ „Борис Трајковски“, играчкиот кадар допрва ќе се формира