Германскиот гигант Фуксе Берлин официјално го потврди ангажманот на младиот француски репрезентативец Ајмерик Зепфел, кој во германската престолнина пристигна веднаш и потпиша договор на една сезона.
Берлин се соочи со проблеми поради повреди на позицијата лев бек, а дополнителен удар беше и заминувањето на големата ѕвезда Ласе Андерсон. Поради тоа, „лисиците“ реагираа експресно и го доведоа младиот француски интернационалец.
Имаа обид „лисиците“ да го донесат порано од 2027 година Симон Питлик, но не успеаја во таа намера, па се свртеа кон Зепфел. Тој веќе денес треба да биде во составот на Берлин за натпреварот против Штутгарт.
Претходно Берлин имал обид да ангажира друг француски репрезентативец – Ноа Годен, но трансферот не бил одобрен од ПСЖ. Потоа спортскиот сектор на Берлин, предводен од Боб Ханинг, се насочил кон Зепфел.
„Многу сум среќен што сум дел од Фуксе. Ова е неверојатно за мене. Навистина сум возбуден и едвај чекам да заиграм со новите соиграчи. Сакаме постојано да напредуваме како тим и како клуб, заедно со навивачите. Ова е ново и посебно искуство за мене и со нетрпение го очекувам“, изјави Зепфел.
Берлин не успеал да го реализира трансферот со првата понуда, која била одбиена од Екс Ан Прованс. Сепак, Германците биле доволно убедливи и на крајот го откупиле целиот договор на Зепфел, кој со францускиот клуб важел до 2028 година.
За Берлин ова е уште едно француско засилување. По Дика Мем и Тео Монар, Зепфел е третиот француски репрезентативец во составот на германскиот клуб, иако другите двајцата ќе дојдат следното лето.
Зепфел има интересна кариера. Пред само неколку сезони настапуваше во Втората Лига, каде што го носеше дресот на Иври, а сега направи огромен чекор напред и ќе игра за еден од најдобрите германски клубови.
Неговиот прв голем предизвик ќе биде во Лигата на шампионите, каде што Берлин оваа недела гостува кај Партизан во Белград.
























