Базата на Алкалоид ќе биде СЦ „Борис Трајковски“, играчкиот кадар допрва ќе се формира

Тимот на Алкалоид е новиот член на Првата машка и ќе биде вклучен во системот на натпревари од септември.

Претседателот на Алкалоид, Горан Минов, откри дека клубот ќе тренира и ќе настапува во СЦ „Борис Трајковски“, а конкретни информации околу играчкиот и тренерскиот кадар засега нема.

„Нашата цел со проектот Алкалоид ќе биде издигнување на ракометот на највисоко ниво во Македонија. Факт е дека во земјата има многу деца кои сакаат ракомет, има многу таленти, но наша примарна цел ќе биде квалитетна и систематска работа да го зголемиме квалитетот. Со децата ќе работиме да станат конкуретни ракометари и да се афирмираат на сцената. Околу играчкиот кадар и стручниот штаб се уште немаме конкретни информации бидејќи се водат преговори, а можам да откријам дека базата ќе биде во СЦ „Борис Трајковски“. За играчкиот кадар ќе бидете навремено известени“, изјави Минов.

Започнува нова историја, нов македонски клуб РК АЛКАЛОИД

Лазаров: Алкалоид е проект за доброто на македонскиот ракомет

Мукаетов: Алкалоид ќе стартува од Првата лига – таму се кали „челикот“ и се кршат копјата

„Повеќе ќе ми значи медал на Македонија, отколку Алкалоид да игра на Ф4 во Лигата на шампионите“

Лазаров: Мојот карактер нема да ми дозволи да има судир на интереси