Лазаров: Мојот карактер нема да ми дозволи да има судир на интереси

Селекторот Кире Лазаров, кој ги има школите КЛ7, потпиша меморандум за соработка со новиот клуб Алкалоид.

Тој смета дека нема да има судир на интереси меѓу функциите што ги извршува – селектор на сите машки репрезентации, и тоа што ќе биде дел од клубот Алкалоид.

„Познавајќи се себе, јас сум најтежок самиот за себе, познавајќи го моојот карактер, знам дека тој нема да ми дозволи судир на интереси. На крајот, од мене, како и од сите идни селектори ќе се бара резултат. Времето ќе покаже дали сме работеле правилно и квалитетно. Прашањето е на место, но кај мене такви работи нема. Да сум бил поинаков, немало да успеам да бидам ниту како играч што има 20 години интернационална кариера“, вели Лазаров.

Aлкалоид од септември ќе биде вклучен во системот на натпревари во РФМ, и ќе стартува од Првата лига.

Започнува нова историја, нов македонски клуб РК АЛКАЛОИД

Лазаров: Алкалоид е проект за доброто на македонскиот ракомет

Мукаетов: Алкалоид ќе стартува од Првата лига – таму се кали „челикот“ и се кршат копјата

„Повеќе ќе ми значи медал на Македонија, отколку Алкалоид да игра на Ф4 во Лигата на шампионите“

Базата на Алкалоид ќе биде СЦ „Борис Трајковски“, играчкиот кадар допрва ќе се формира