Ривалите на Вардар и Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, Мелсунген и Гумерсбах, одиграа реми во третото коло од Бундес лигата, 31-31.
Голманот на Мелсунген, Небојша Симиќ, го одбрани последниот напад на Гумерсбах, па момците на Парондо среќни со бод се враќаат дома пред стартот на Лигата на шампионите против Вардар.
Во „Швалбе Арена“ во Гумерсбах, Никола Рогановиќ го „украде“ шоуто и го засени братскиот двобој меѓу Алекс и Даниел Душебаеви.
Шведскиот среден бек даде 15 гола за Гумерсбах, а кај Мелсунген се истакна Арон Менсинг со девет.
Браќата Душебаеви постигнаа по еден погодок. Алекс одново ќе дојде во Македонија и ќе гостува во Битола по долго време кога Еурофарм Пелистер ќе го пречека Гумерсбах, додека Даниел ќе гостува во Скопје кај Вардар со Мелсунген.
























