Традицијата продолжи и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможи во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во вториот дел од сезоната.
Сезоната веќе финишираше со одигрувањето на 14. коло, а љубителите на ракометот имаа можност да следат драматични и неизвесни натпревари.
Ние ги одбравме најдобрите седум и за последното коло, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
РЕЗУЛТАТИ ОД 14. КОЛО
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 29:28 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ГРК ОХРИД 30:14 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ПРОЛЕТ 62 23:30 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – МЕТАЛУРГ 39:27 (ИЗВЕШТАЈ)
ТАБЕЛА
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ
РЕЗУЛТАТИ ОД 14. КОЛО
ПРИЛЕП – ГРК ТИКВЕШ 32:28 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – АСТРАИОН 38:15 (ИЗВЕШТАЈ)
РАБОТНИЧКИ – КЛ 7 34:39 (ИЗВЕШТАЈ)
ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – МЛАДОСТ 29:25 (ИЗВЕШТАЈ)
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 14. КОЛО
ГОЛМАН: Зураб Цинцдзе (Прилеп) – Екипата на Прилеп го доби најважниот натпревар, а сите ракометари имаа свој придонес. Оваа победа не само што му донесе опстанок на Прилеп туку и првото место во плеј-аут лигата.
ЛЕВО КРИЛО: Кристијан Ристов (Радовиш) – Ракометарот на Радовиш искористи можност за да настапи и имаше одличен настап. Реализираше дури 12 пати против тимот од Струмица.
ЛЕВ БЕК: Филип Талески (Вардар) – Големото дерби имаше свое издание во последното коло во кое Вардар го совлада Металург. Талески беше еден од играчите кои имаа придонес во победата.
СРЕДЕН БЕК: Ласко Андоновски (Пролет) – Андоновски одигра уште една добра средба. Одлично ги предводеше своите колеги до победа против Струга и до 3. позиција во плеј-офот.
ДЕСЕН БЕК: Мартин Димовски (КЛ 7) – Младиот ракометар на КЛ 7 одработи убава средба и постигна осум погодоци во победата против Работнички.
ДЕСНО КРИЛО: Бојан Спасовски (Бутел Скопје) – Играчот на Бутел Скопје сезонава е откритие на клубот и покажа дека може да се нсои со притисокот. Против Еурофарм Пелистер постигна пет гола.
ПИВОТ: Елмир Граџан (Еурофарм Пелистер) – Интернационалецот од БиХ кој денеска го продолжи договорот со тимот од Битола беше прв стрелец на средбата против Охрид. погоди шестпати.