Младеновски со гол во финишот за триумф на Бутел против Еурофарм Пелистер 2

Во последното коло од Супер лигата, Бутел славеше над Еурофарм Пелистер 2 со 29:28, а победничкиот гол беше постигнат од Јовица Младеновски на петнаесетина секунди пред крајот на натпреварот.

Гостите од Битола го отворија натпреварот со голот на Петровиќ за водство од 0:1, а домаќините за две минути игра направија серија од 3:0 и по пет минути игра имаа водство од 3:1. Бутел направи неколку грешки во нападот, а младите ракометари на Александар Јовиќ се вратија во игра и по десетина минути имаа водство од два разлика, 5:7.

Неизвесноста продолжи до самиот крај на првото полувреме. Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 преку Павле Атанасијевиќ, Петровиќ и Талевски направија серија од 4:0  и го свртеа резултатот во корист за битолската екипа, 11:13. Првото полувреме заврши со резултат 13:15 за битолчани.

Во вториот дел, Бутел заостануваше со негатива од еден до два гола, а на спротивната страна одлични беа Петровиќ и Атанасијевиќ. Во 44. минута, Мајиќ беше прецизен за 22:21, а неколку секунди подоцна, Павле Атанасијевиќ изрмани на 22:22.

Играта гол за гол се одвиваше до последната секунда, а на пет минути до крајот, Еурофарм Пелистер 2 имаше 27:28. Во целата бркотница низ теренот, Бутел на петнаесетина секунди пред крајот преку Младеновски ги освои бодовите, додека останатите пет секунди, Еурофарм Пелистер 2 не успеа да ги искористи и да постигне гол.

Најефикасен на натпреварот беше ракометарот на Еурофарм Пелистер 2, Павле Атанасијевиќ со десет гола. Во составот на Бутел, Мирко Мајиќ ги предводеше стрелците со седум гола.

2 јуни 2021
29 - 28
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
2 јуни 2021 20:44 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 02.06.2021 60'

Место

УС „Антон Димитров“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БУТЕЛ1329Победа
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21528Пораз

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Наум Симјановскиголман00
6Јовица Младеновскилев бек02
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек00
9Марко Божиновскилево крило02
10Марко Митевцентрален бек10
13Едвин Омерагиќлев бек00
14Бојан Спасовскипивот10
15Златко Мојсоскидесно крило00
17Бојан Спасовскидесен бек05
22Стефан Стојчевиќпивот00
23Горан Печенковскицентрален бек05
24Златко Даскалоскиголман00
26Душан Трифковиќ-10
33Владимир Јевтиќпивот06
34Кристијан Василевскипивот02
64Мирко Мајиќлево крило07
 Вкупно 329

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Бобан Ристевскиголман00
4Јован Талевскицентрален бек04
5Игор Петковски-00
8Павле Атанасијевиќцентрален бек010
9Васко Димитровскипивот02
10Христијан Митревскидесен бек10
11Симон Мирчевски-10
12Филип Ивановскиголман00
13Павле Петровиќдесен бек07
19Стефан Андонов-00
22Иван Димитровскилево крило00
23Стефан Талевскицентрален бек01
24Никола Стоилевскидесно крило01
33Петар Атанасијевиќлев бек21
88Димитриј Блажевскидесен бек10
99Филип Арсеновскипивот02
 Вкупно 528

Officials

Судии:Делегат:
МЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НИКОЛОВСКИ НЕНАД
МИРЧЕСКИ ЛЕРИ

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515