Јуниор КВ со победничко збогум од елитното друштво

Екипата на Јуниор КВ во последното коло од плеј-аут групата во Супер лигата обезбеди победа над Младост од Богданци со 29:25. И двете екипи во следната сезона се селат во понискиот ранг на натпреварување, Прва лига.

Ракометарите на Младост беа подобра екипа во воведниот дел и во текот на 7. минута имаа два гола предност, 4:2. Екипата на Јуниор КВ заостануваше со еден до два гола негатива во првата половина од првиот дел.

Стоилов ги постави највисоките четири гола разлика за екипата на Младост, 10:6, во 18. минута. Ракометарите на Ристо Магдинчев никако не можеа да фатат приклучок и да се вратат во игра. Младост одигра на солидно ниво во завршните десет минути и на полувреме замина со предност од 14:12.

Во второто полувреме, Јуниор КВ преку Мршуља намали на само еден негатива, 15:16. Сепак, пресвртот дојде за неколку минути подоцна кога домашната екипа со голот на Трајчевски го презеде водството за 18:17.

Екипата на Младост падна и физички во последните петнаесетина минути, а домаќините без проблем стигнаа до последните бодови во оваа сезона.

3 јуни 2021
29 - 25
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
3 јуни 2021 20:43 ПЛЕЈ АУТ СУПЕРЛИГА 2020/2021 03.06.2021 60'

Место

УС „Круме Кепески“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЈУНИОР К.В.1229Победа
МЛАДОСТ 19771425Пораз

ЈУНИОР К.В.

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Матеј Петковскиголман00
2Марио Гичевцентрален бек13
3Андреј Крстевски-00
4Марко Трајковскипивот04
5Мартин Бошковскипивот00
6Стефан Крстескидесно крило00
7Бојан Маневцентрален бек12
8Кирил Пешкирскилево крило03
9Дамјан Трајковскицентрален бек00
16Адриан Костадиноскиголман00
18Игор МршуљаСреден бек07
23Стефан Стојановскилев бек02
30Стефан Јордановски-00
88Томче Трајчевскипивот13
97Жарко Барјактаревиќдесен бек05
 Вкупно 329

МЛАДОСТ 1977

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Ристе Пешковголман00
3Димитар Пеевлево крило00
5Мите Караивановлев бек05
9Стојан Наумовскилев бек17
10Илија Чрчев-00
12Горан Паунковголман00
16Александар Мицевголман00
17Иван Стојчевскидесно крило03
22Никола Димитровдесно крило13
23Мартин Фидановпивот12
25Саша Михајловиќцентрален бек02
35Митко Стоиловлев бек02
55Дејан Томиќлев бек10
20Душан Каркалашевцентрален бек01
 Вкупно 425

Officials

Судии:Делегат:
ВУКАШИНОВСКИ АЛЕКСАНДАР
ТРАЈКОВСКИ МИРКО
САЗДОВСКИ ВЛАДИМИР
ПозЕкипаНПРЛБ
1МРК КУМАНОВО12101132
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21290330
3ПРИЛЕП1181227
4ВАРДАР НЕГОТИНО1280424
5МУЛТИЕСЕНС1261520
6ГОЛДЕН АРТ1131713
7СКОПЈЕ 20201220106
8АЕРОДРОМ1400142