Радовиш во бараж, не дозволи изненадување против Астраион

Ракометарите на Радовиш во последното коло од плеј-аут конкуренцијата во Супер лигата на домашен терен имаа лесна задача и го совладаа тимот на Астраион убедливо и без проблеми со 38:15.

Радовиш имаше силен старт и многу рано го реши победникот. Избраниците на Бошковски отворија со 13:1 и уште тука веќе беше решен победникот. До крајот на првиот дел домашниот тим ја задржа двоцифрената предност и на одмор замина со 18:6.

Второто полувреме беше формалност, убедливата игра на Радовиш продолжи до крај на дуелот а разликаа постојано растеше. Астраион на овој дуел настапи со 11 ракометари и не можеше да даде поголем отпор на овој дуел. На крај домашниот тим славеше со огромни 23 гола разлика.

Иако на почетокот на плеј-аутот Радовиш бележеше слаби резлутати и порази и се чинеше дека е на чекор до испаѓање од Супер лигата, сепак промените во тимот дадоа резултат и успеаја да изборат бараж за опстанок.

На овој натпревар најефикасен беше Кристијан Ристов со 12 погодоци, додека гола постигнаа Кобеси и Постолов. Во составот на Астраион Марко Стојанов беше прв стрелец со шест гола, а Котевски постигна пет погодоци.

3 јуни 2021
38 - 15
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
3 јуни 2021 20:31 ПЛЕЈ АУТ СУПЕРЛИГА 2020/2021 03.06.2021 60'

Место

Спортска сала „25 МАЈ“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
РАДОВИШ1838Победа
АСТРАИОН615Пораз

РАДОВИШ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Славјан Пауновголман00
6Ристе Чаповцентрален бек00
7Александар Долдуровлево крило01
9Спасе Ѓоргиевдесно крило03
10Здравко Постоловцентрален бек17
12Али Кобеисипивот07
16Александар Ристовголман00
18Ангелче Органџиевлев бек16
19Александар Марковлев бек00
23Кристијан Ристовлево крило012
71Филип Трајановдесно крило00
77Милош Лојаничиќдесен бек10
81Мартин Ситновски-02
 Вкупно 338

Officials

Судии:Делегат:
АНГЕЛЕСКИ ГОРАН
СЕДЛОСКИ РУБИНЧО
ЧАВДАРОВ ВАСИЛ
ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП971124
2МРК КУМАНОВО971123
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2960321
4ВАРДАР НЕГОТИНО960318
5МУЛТИЕСЕНС941414
6ГОЛДЕН АРТ921610
7СКОПЈЕ 202092076
8АЕРОДРОМ90092