Ракометната федерација на Македонија веќе има насоки, како ќе се реагира доколку на тестовите пред секој натпревар се појави позитивен случај на Ковид-19.
Доколку се појави позитивен играч на коронавирусот или официјално лице истите ќе бидат заменети со нови, а нема цела екипа да подлежи на карантин.
„Насоките се ако во една екипа има позитивен играч, тој играч ќе биде надвор од конкуренција и ќе се замени со друг. Ако се тргне со начин на праќање на цел клуб во карантин, свесни сме дека нема да има никакво првенство. Ќе треба и нивниот претходен противник да паузира. Истото ќе се однесува и за официјалните лица. Ако сите чинители се придржуваат до протоколот мислам дека нема да имаме големи проблеми. Мора да сме сите свесни и одговорни. Ако се придржуваме ќе успееме нормално да ја завршиме полусезоната“, вели Славе Николов, комесарот за натпревари во РФМ.
Натпреварите од Суперлигата треба да почнат на 11 септември, Женската лига ќе стартува на 18 септември, додека една седмица подоцна ќе стартуваат и натпреварите од Првата лига.
СЛАВЕ НИКОЛОВ: Сè е подготвено за старт! РФМ има и план А, и Б, и Ц, за да се игра ракомет