Во баражот за Светското првенство кое во јануари ќе се одржи во Египет ќе има десет двојки од Европа, а тие донесоа неколку интересни дуели.
Пресметката меѓу Македонија и Франција е дефинитивно најинтересната во оваа група со оглед на тоа што Македонија како најдоброрангирана од вториот шешир влезе во оваа ждрепка и за малку не се најде меѓу фаворитите.
Тука интересно ќе биде секако и меѓу Словенија и Србија, но јасно е дека на овој двобој Словенците ќе бидат фаворити бидејќи тоа го покажаа на последните големи натпреварувања.
Сигурно ќе има што да се види на теренот и меѓу Чешка и Црна Гора. На овој двобој и Црногорците се надеваат на позитивен резултат, па јасно е дека сигурно ќе биде интересно на теренот на двата дуели.
Првите натпревари е предвидено да се одиграат од 5 до 7 јуни, а реваншите се од 9 до 11 јуни.
ДВОЈКИ ЗА БАРАЖ ЗА СП 2021
МАКЕДОНИЈА – ФРАНЦИЈА
ШВАЈЦАРИЈА – ИСЛАНД
ИЗРАЕЛ/ЛЕТОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА
ЧЕШКА – ЦРНА ГОРА
ШВЕДСКА – ТУРЦИЈА/РУСИЈА
СЛОВЕНИЈА – СРБИЈА
РОМАНИЈА/БИХ – УНГАРИЈА
УКРАИНА – ГЕРМАНИЈА
ПОЛСКА/ЛИТВАНИЈА – БЕЛОРУСИЈА
АВСТРИЈА – ХОЛАНДИЈА