Не можеше потешко: Франција на патот на Македонија кон Мундијалот во Египет!

Машката репрезентација на Македонија го доби можеби најсилниот противник што можеше во квалификациите за Светското првенство во Египет, а ривал ќе биде Франција.

Македонија од 5 до 7 јуни прво ќе биде домаќин, а потоа ќе гостува во Франија од 9 до 11 јуни.

Иако Франција на последното Европско првенство не се покажа во најдобро издание, сепак, јасно е дека во баражот за СП ќе направи сè за да дојде до место на Мундијалот. Ова значи дека пред Македонија е тешка задача и на повидок е прекин на серијата учества на големите натпреварувања после осум години постојано играње.