Јанчев: Ќе биде тешко, но Тиквеш не се откажува од борбата за плеј-оф

Тимот на Тиквеш од Кавадарци загуби сo 32-24 во заостанатиот натпревар од 10 коло во Суперлигата, пред паузата од десетина дена до трите последни дуели од регуларниот дел.

Најдобар стрелец на кавадаречкиот тим беше средниот бек Јане Јанчев, кој смета дека неговиот тим паднал на физички план во вториот дел и тоа било клучно за поразот.

„Мислам дека заморот во вториот дел си го направи своето. Имаме и кратка ротација, а во вториот дел влеговме некако во грч и не продолживме во ист ритам како претходно. Исходот на овој натпревар ќе беше поинаков, ако Тиквеш играше на нивото од првиот дел. Немањето на континуитет на натпревари, испрекинатиот тренажен процес поради коронавирусот, исто така имаат голем удел во нашето издание во вториот дел“, вели Јанчев за 24Ракомет.

На кавадарчани им остануваат уште три натпревари за играње до крајот на регуларниот дел на кои ќе ја бараат шанса за место во разигрувањето за титулата.

„Ни остануваат уште три средби со Прилеп и со Работнички на гости, како и со Металург на домашен терен. Ние не се откажуваме од борбата за плеј-оф, ќе биде штеко, но ќе го дадеме максимумот на овие средби и се надеваме дека ќе го заслужиме местото меѓу најдобрите. Сепак е топка, не знаеме предвреме каков може да биде исходот на натпреварите“, заврши Јанчев.

Мајиќ броеше до 13, Бутел со пресврт во вториот дел до висок триумф над Тиквеш

Јанев: Oдбраната во второто полувреме беше клучна за победата над Тиквеш

Мајиќ: Најважно е што обезбедивме плеј-оф, македонската лига е една од најквалитетните на Балканот