Денеска на програмата на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ ќе има три натпревари, во кои единствено Вардар од македонските екипи ќе игра.
Од 16:30 часот ќе играат Војводина и Египет У20 во битка што ќе реши кој од нив ќе биде третопласиран во групата.
Од 18:45 часот, словенечкиот Тримо Требње ќе брка победа над Олимпијакос што ќе го однесе чекор напред во битката за финале.
Од 21:00 часот, Вардар ќе се соочи со Нексе Нашице и ќе брка одмазда за поразот минатата сезона во битката за третото место.
Ако победат денеска Вардар и Тримо, што е за очекување, тогаш утре во директна битка ќе се борат за првото место што носи финале.
Распоред на натпревари:
16:30 ВОЈВОДИНА – ЕГИПЕТ У20
18:45 ОЛИМПИЈАКОС – ТРИМО ТРЕБЊЕ
21:00 ВАРДАР – НЕКСЕ НАШИЦЕ
























